Новиот селектор на македонската сениорска ркометна репрезентација, Кире Лазаров, денеска со своите најблиски соработници во хотелот „Александар Палас“ ја имааше првата прозивка на националниот тим. Најдобриот ракометар на Македонија во изминативе децении, од денеска во нова улога.  Подготвен да се нафати со новиот предизвик и да и ги донесе на Македонија успесите на кои заедно со него им се радувавме сите овие години.