Со денешниот меч во Ѓорче, со почеток од 14 часот, меѓу Македонија ЃП и Силекс, викендов завршува вториот круг од тековната сезона во ПМФЛ. Распоредот со двојките за наредните 11 кола од последната фаза ќе се направи утре, откако ќе се одиграат сите останати дуели од 22.коло.

Македонија ЃП и Силекс досега во изминатите три кола немаат ниту една победа. “Лавовите“ освоија само два од можни девет бода, додека кратовци пак само еден. И затоа овој меч е многу важен и за двете екипи. За домашните за задржување на третата позиција, која до пред некое коло им беше комотна, а за Силекс пак да избега од долниот дел на табелата.

Секако дека не очекуваме којзнае каков спектакуларен фудбал, се знае стилот на “лавовите“ кои ќе играат строго на резултат, додека кратовци пак со поголен посед на топката ќе се обидат да дојда до повеќе шанси, нив им недостига само подобра реализација.

Според традицијата во последните неколку години, Силекс има подобар биланс, од 12 меѓусебни меча има 4 победи, 3 порази а 5 средби завршиле без победник.