Гласноговорникот на италијанската ЛГБТ заедничка го обвини Златан Ибрахимовиќ за хомофобија по неговото гостување на Санремо. Шведскиот напаѓач заедно со Синиша Михајловиќ направија вистинско шоу, но една постапка ја налути ЛГБТ заедницата.

Водителот на настанот, уметникот Амадеус, го замоли Златан да замисли како би изгледал овој настан доколку би бил организиран во неговата куќа.

“Пејачи во дневната соба, девојки со Златан. Вие во кујната додека ми подготвувате кафе”, рече Златан кој искоментира за Лауро:

„Ние би го ставиле во гаража да внимава на автомобили, крадците не би украле ништо бидејќи би се плашеле од него“.

Лауро е италијански пејач кого многумина ја споредуваат со Лејди Гага затоа што не се декларира како „тој“ или „таа“, туку како „тоа“.

Претставникот на ЛГБТ заедницата го осуди ваквиот говор на Ибрахимовиќ на кого не му е првпат да има вакви испади.

„Ибрахимовиќ во Шпанија покажа дека е хомофоб. Во 2010 година кога беше прашан дали е хомосексуалец, тој му порача на новинарот да ја донесе својата сестра. Тука се последните случувања со Лукаку и обвинувањата за расизам“.