Глазгов Ренџерс се враќа на големата сцена во Шкотска. По 10 бурни години, исполнети со разочарувања, па со надежи, конечно, го турнаа големиот градски ривал Селтик и слават титула во Шкотска. Поточно титулата не е осигурата затоа што потребно е нивниот голем ривал Селтик да не победи утре против Данди за и математички да биде осигуран трофејот наменет за шампионите. Но и да не се случи тоа, Ренџерс речиси сигурно ќе го освои трофејот во некое од наредните кола затоа што им треба само уште еден бод.

Фановите излегоа на улиците на Глазгов со факели, песни и знамиња ги испратија нивните миленици на мечот со Ст.Мирен на кој победија со 3:0 и веќе се радуваат на титулата, инаку 55 во историјата.