Македонската ракометна репрезентација под водство на Кирил Лазаров стартува со мини-подготовките за квалификацискиот двомеч против Данска за место на ЕП 2022 година.

Нашиот најдобар ракометар го прифати предизвикот да има двојна улога во „црвено-жолтиот“ дрес, задачата не е лесна, но тој секогаш е во служба на Македонија, посакува заедно со неколку искусни репрезентативци заедно да им помогнат на младите во процесот на созревање и задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања.

Засега капитенската лента останува кај Лазаров, нема да има промени во следниот период. Ќе се оди чекор по чекор, не треба да се избрзува особено во време кога на Македонија и е потребна стабилност.