Серхио Рамос и Реал Мадрид во последните неколку месеци постанаа најголемите фудбалски противници. Шпанскиот фубалер е еден од најголемите играчи во историјата на „кралскиот“ тим и сака договор како што доликува.

Тој за дваесетина дена ќе наполни 35 години, па токму затоа Реал не е подготвен да му понуди повеќегодишен договор.

„Марка“ утринава пишува дека раководството на шпанскиот тим му поставил ултиматум на Рамос, својата одлука ќе мора да ја донесе до крајот на месецот.

Од почетокот се чинеше дека нема да остане, но по серијата на преговори со Флорентино Перез дојде до пресврт, па најчитаниот мадриски весник е убеден дека Рамос ќе остане во клубот.

„Серхио Рамос има подиум. Реал му даде понуда која ќе истече до крајот на месецо, на него сотанува дали сака да си замине или не.

Перез и челниците на клубот на Рамос му понудија нов договор на една година со истите услови кои ги има во досегашниот договор со опција за продолжување на уште една година. Сега тој доби ултиматум до кога треба да одговори за да клубот на време почне да барам замена доколку ги добие. Гласен кандидат за негово место е Алаба од Барселона“, пишува Марка.