Прв меч и прва победа за Вардар 1961 во плеј – оф фазата во домашниот шампионат. Тиен денеска со 34:30 (17:14) успеаја да го победат вториот, или младинскиот состав на Е. Пелистер и да ги освојат првите бодови. Момците на тренерот Александар Јовиќ одиграа навистина добро, му дадоа на големиот фаворит силен отпор, но квалитетот на Вардар 1961 си дојде на крајот на своето место.

Откако на пауза се замина со три голови разлика, во продолжението од средбата, вардарци како малку да ја засилија својата игра и почнаа да го зголемуваат своето водство. Имаа и плус седум, но сепак на крајот резултатот од оваа средба гласеше 34:30.

Може да се каже рутинска победа за составот на Стевче Алушовски. Со овој натпревар заврши првото коло во плеј – офот во нашата ракометна елита.