Лука Миливојевиќ, еден од најдобрите играчи во средниот ред од Србија, објави дека нема повеќе да игра за националниот тим и дека се откажува од дресот со државниот грб на само 29 години.

Тој не објасни зошто е овој негов потег, а многумина го образложија како „менаџерски игри“ во националниот тим и покрај доаѓањето на легендата Драган Стојковиќ – Пикси.

„Сакам да му се заблагодарам на сегашниот селектор на Србија и да му посакам се најдобро на новата позиција. Воедно да потенцирам дека многу ми помогна во одлуката која сакав да ја истакна и порано. А тоа е дефинитивно да се простам од репрезентацијата на Србија.

Луѓето во сојузот на чело со претседателот сакам да им порачам дека успеаја да ме избркаат од репрезентацијата, нешто за кое се обидуваа и пред Светското првенство во 2018 година. Си замерувам себе си што порано не се откажав“, објави Миливојевиќ.

Миливојевиќ одигра само 38 меча за Србија.