Наполи ја обезбеди и 15-тата сезонска победа, откако вечерва со 3:1 беше подобар од Болоња во последниот меч од 26. коло. Во меч во кој наполитанците многу рано го отворија резултатот, херој на тимот на Гатузо беше Лоренцо Инсиње кој со два гола го трасираше патот на домашните кон победата.

Инсиње погоди во 8. минута за водство од 1:0, а вториот гол за домашните беше дело на Осимен во 65. минута.

Брзо потоа, Болоња преку Сориано (73’) намали на 2:1, за во 76. минута Инсиње да постигне и втор гол и да го врати својот тим на посакуваната предност.

Елиф Елмас и денеска почна од клупата за резерви. Гатузо му даде шанса на нашиот репрезентативец во 79. минута кога го замени токму двојниот стрелец, Инсиње.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore