Вториот состав на Барселона, денес на домашен терен го совладаа тимот на Лагостера со 4:2, а еден момент на мечот привлече големо внимание на социјалните мрежи.  Младиот Алекс Коладо веќе извесно време е во центарот на вниманието, па и денеска покажа дел од своите фантастични квалитети.

Овој фудбалер има 21 година и сите сметаат дека заслужува шанса да се најде во првиот тим. Вечерва повторно постигна маестрален погодок и му порача на Роналд Куман дека е време да му посвети малку внимание.