Како што потврдија и од Барселона вечерва, Жоан Лапорта е новиот претседател на каталонскиот гигант. Лапорта кој беше претседател во периодот од 2003 до 2010 година се враќа на позицијата, откако доби најголем број на гласови на денешните избори во еден од најголемите спортски клубови на планетава.

Според информациите од Барселона, по прегледани над 75% од гласачките ливчиња, Лапорта е во незадржлива предност. Тој има 57,6% од гласовите, оставајќи ги зад себе Виктор Фонт со 31,17% и Антони Фреиша со 10,05% од гласовите. Во кампот на Лапорта се славеше уште многу претходно, а вечерва и останатите противканидади срдечно му ја честитаа победата на Лапорта.