Уште една убедлива партија на Тотенхем и висока победа над Кристал Палас во последниот вечерен меч од Премиер лигата. Спарс славеа дома со 4:1 и запишаа втора последователна победа, која ги враќа во трка за ТОП 4 на табелата.

Вечерва свое шоу имаа Герет Бејл и Хари Кејн. Велшанецот ги постигна првите два гола за Тотенхем во 25. и 49. минута, додека Хари Кејн последните два во 52. и 76. минута.

За гостите во финишот на првиот дел погоди Бентеке, но очигледно лондонските „орли“ немаа шанса на ова гостување против тимот на Мурињо.

Standings provided by SofaScore LiveScore