Жоан Лапорта ќе биде новиот претседател на Барселона, покажува анкетата на каталонскиот канал ТВ3. Адвокатот и добар пријател на Јохан Кројф, кој претходно владееше со каталонскиот клуб меѓу 2003 и 2010 година, ќе ги остави далеку зад себе останатите двајца кандидати по пребројувањето на гласовите од гласањето кое заврши вечерва во 21 часот.

Според анкетата на ТВ3, Лапорта ќе освои близу 58% од гласовите.

Ако Лапорта ги добие изборите, тоа значи дека Роналд Куман останува на тренерското место на каталонците, а најверојатно и тесните преговори со Меси за негово останување ќе дадат резултат. Останува, сепак, да помине пребројувањето на гласовите пред да се слушнат и официјалните резултати.