Португалскиот гигант Бенфика му понуди договор на шпанскиот напаѓач Диего Коста кој моментално е без клуб по заминувањето од Атлетико Мадрид. Шпанецот со бразилски корени не успеа да најде клуб во текот на летото, ниту во јануари, па се уште е слободен играч.
Бенфика пројавила интерес за него, пренесува порталот „Goal.com“.
Му понудила двегодишен договор вреден 6 милиони евра (по три милиони евра на годишно ниво).
Коста претходно играше за Челзи, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Селта, Албасете. Во Атлетико беше од 2007 до 2009, па од 2010 до 2014, па од 2018 до 2020. За Шпанија има 24 настапи и 10 гола.