Во шпанската Ла Лига со мечот Бетис – Алавес се заокружи 26. коло. Интересен меч одиграа овие два противници на „Бенито Виљамарин“ во Севиља, а домашниот Бетис имаше негатива од 0:2 по првото полувреме (Хоселу и Мендез погодија) но во второто полувреме се разбуди и стигна до бодовите.

Инглесиас од пенал намали во 61 минута, а Жоакин во 81 минута изедначи на 2:2. Седум минути подоцна Инглесиас со својот втор гол на мечот донесе три бода за Бетис и 42 бода доволни за зацврстување на шестото место на табелата.

Алавес реди порази во првенството и но е во опасната зона (19. позиција).