Фудбалерот на Сосиедад Микел Ојарзабал за само десет дена успеа два пати да промаши пенал. Тука нема ништо чудно, но ако на тоа се додаде дека два пати топката не била ни блиску до голот тогаш преминува во чудно и интересно.

Првиот пат беше непрецизен против Манчестер Јунајтед во ремито 0:0 на „Олд Трафорд“ кога шутна надвор од рамките на голот. На наредниот меч, против Леванте му се повтори истото.

А претходно Ојарзабал погодил 16 пенали по ред.