Ова е тој ден кој Новак Ѓоковиќ го чекаше во текот на целата своја кариера. Ова утро тој ја започнува 311 недела на врвот на АТП листата, на листата на најдобрите тенисери во светот. Со тоа тој го надмна досегашниот рекорд на Роџер Федерер, со ова Србинот го направи еден од најголемите успеси во светот на спортот воопшто, не само во тенисот.

Може да го сакаат, може да го мразат, но Ѓоковиќ со овој успех покажа дека најверојатно е “Кралот“ на тенисот, најдобриот на сите времиња.

Тешко дека некој друг ќе може да дојде до вакви рекорди, вакви резултати. Овој рекорд ќе бше уште подобар ако се знае дека лани АТП листата беше “замрзната“ поради коронавирусот. Првпат Ноле дојде на врвот на АТП листата точно на 4 јули 2011 година кога го освои за првпат Вимблдон.

Па така сега Ноле е со 311 недели на врвот, Федерер 310,следуваат Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270), Џими Конорс (268)…

Новак досега има освоено 18 Гренд слемови, два помалку од Федерер и Надал, но и тие рекорди на Швајцарецот и Шпанецот набрзо ќе паднат, со оглед на формата и возраста што ја има Ноле во однос на нивн двајцата.