Според последните информации до кои дојде реномираниот фудбалски новинар Николо Шира, а кој е познат како лик кој е исклучително информиран на темата, Едисон Кавани нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед туку на лето ќе замине во Јужна Америка и ќе потпише со тимот на Бока Јуниорс.

Искусниот напаѓач игра релативно добра сеозона на Олд Трафорд но по годините минати во Европа очигледно дека сака да ја промени целосно фудбалската средина и да замине во Аргентина. Поточно во еден од најкултните клубови на планетава, Бока Јуниорс.

Шира тврди дека менаџментот на Бока веќе е во преговори со Кавани и подготвен е тригодишен договор за колумбиецот. Агентот на Кавани, Валтер Гуглиемоне веќе најавил ваков развој на настаните за тиражниот „Оле“.