МЗТ Скопје да дојде до третата победа во Сараево, на последниот меч избраниците на Ѓорѓи Кочов беа совладани од Младост со 75-82. Македонскиот претставник имаше шанса да дојде до триумф, но во финишот направи грешки.

„Ова ми е шести пат да играме натпревар во Сараево и ќе беше убаво да забележиме шеста победа на шестиот меч. Натпреварот не сакам да го коментирам. Му честитам на Младост за играта и борбеноста, исто така сакам им честитам на моите играчи за борбеноста и желбата да се победи. Натпреварот не сакам да го коментирам“, изјави Ѓорѓи Кочов.

МЗТ Скопје е на четвртото место на табелата со скор од шест победи и четири порази, на бод зад второпласираните Борац и Спарс, додека на три зад лидерот Студенски Збор.