Вест Хем впиша нова победа во Премиер лигата, а вечерва беше совладан Лидс со 2:0. Гостите од Јоркшир постигнаа гол на почетокот на мечот но судијата го поништи поради офсајд на Робертс по прегледување на ВАР снимката.

А потоа во 21 минута судијата свирна пенал за Вест Хем откако Лингард падна во шеснаесетникот во дуел со еден дефанзивец на Лидс. Играчот на Јунајтед, кој е позајмен во Вест Хем успеа да погоди во повторениот обид иако првиот му го одбрани противничкиот голман. Седум минути подоцна Доусон ги постави конечните 2:0.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски влезе во игра во второто полувреме кога Лидс заигра подобро и притисна меѓутоа не успеа да направи нешто повеќе.