Македонските репрезентативци се сполетни пред двомечот со Данска. Едногласни се дека на Кирил Лазаров, новиот селектор, но и стручниот птаб треба да им се даде поддршка.

„За сите нас, но и за нив ова е ново вакво искуство. Треба да добијат поддршка од сите нас, да пробаме што побрзо да ги вклопиме тие нови сегменти во играта, она што подготвуваме да го преточиме на терен. краток е период, но со текот на времето ќе биде се подобро и подобро“, изјави за СПОРТМЕДИА, Никола Митревски.

Искусниот голман смета дека има простор за напредок, сите се мотивирани, што пак е најважно во еден период, во кој треба да се прилагодадат на новитетите и да се завери визата за ЕП 2022 година.

„Секогаш има простор за напредок, без разлика колку тимот изгледал лошо. Ќе го почекаме натпреварот со Данска за да видиме колку сме се подобриле, се уште се комплетираме, ни недостасува уште Пешевски за да бидеме комплетни. Добро се работи, сите сме мотивирани да прикажеме најдобро против Данска“.

Поради пандемијата коронаворус и овој меч против Данска во четврток ќе се одигра пред празни трибини. Добро е познато дека во подобрите денови кога животот беше поинаков за навивачите во голем број доаѓаа да ги поддржат репрезентативците, не само во Скопје, туку и на големите натпреварувања.

„Секогаш е задоволство е да се игра против Светски шампион, голема штета што за нас како играчи, но и за македонската публика што нема да навивачи во салата, секогаш е мотив плус да се одигра таков натпревар, да се даде својот максимум, мотивација е голема. Не треба да си ставиме на срце доколку не успееме, имаме два натпревари против Швајцарија дома и Финска на гости. сметам ќе бидеме фаворити, со максимален пристап ќе го завериме настапот на еп. данска ќе биде подготовка за крајните мечеви во овие квалификации“.