По Давид Алаба, нови проблеми во Баерн Минхен. Од ова се гледа дека не е е баш така бајковито во таборот на “баварците“, барем кога се во прашање парите. Имено еден од најдобрите фудбалери на германскиот гигант Кингсли Коман ја одби понудата да го продолжи договорот со Баерн. Човекот кој минатиот август му ја донесе титулата во ЛШ, со “бавацарите“ е врзан до 2023 година, но Баерн сака уште сега да го осигура репрезентативецот на Франција.

Сепак тоа тешко оди зошто Коман воопшто не бил задоволен од сумата која му е понудена и барам поголема за потписот.

Баерн, барем според медиумите во Германија, му понудил на Коман 12 милиони евра, но бруто, сума која тој смета дека е премала, посебно ако се знае дека неколку клубови во Европа се подготвени да му дадат повеќе.

Па така сега останува клубот од Минхен да ја зголеми понудата ако сака да не му се случи исто како и со Алаба, кој во јуни заминува како слободен играч.