Утре со почеток во 19 часот, нашата футсал репрезентација во големата сала на “Јане Сандански“ ќе излезе на мегдан со силната селекција на Србија. Тоа ќе биде меч кој веројатно ќе решава за тоа дали Македонија ќе испише историја, дали ќе се пласира на ЕП.

За тоа што може да се очекува од утрешниот натпревар, за СПОРТМЕДИА свој коментар има селекторот Васко Скендеровски.

Сметам дека максимално подготвени ќе го дочекаме овој решавачки меч за нас. Според мене овој натпревар е најважниот во историјата на нашата футсал репрезентација. Никогаш не сме биле толку блиску до пласман на ЕП. Во случај на победа речиси со една нога сме пласирани, па и со двете што се вели ако се знае распоредот до крај во нашата квалификациска група 4. Добро е што Ранготов се враќа по повредата, но штета е што повторно ќе го немаме Бразилецот со наш пасош, Даниел. Видете, се знае која е Србија, една од најдобрите репрезентации во светот. Но ние играме дома, знаеме што треба да сториме, ќе одиграме тактички и подобро отколку во Врање. Знаеме сите што носи овој меч, и овие мечеви се добиваат со памет и студена глава, а не со срце. Тука со нас е и Мато Станковиќ, мојот помошник кој е од голема помош во нашата репрезентација. Јас сум оптимист, верувам во ново чудо на овој репрезентативен тим на Македонија“ заврши Скендеровски.