Кристијан Стојкоски е играчот на 22.коло во ПМФЛ. Најдобриот меѓу најдобрите во идеалниот тим на колото според СПОРТМЕДИА. Им “стегна“ гол на своите некогашни соиграчи во 30. секунда, а потоа како на тацна го послужи Прелчец за вториот гол на Работнички во ова дерби. Па што уште треба да стори за да биде играч на колото. Можеби, според играта, требаше целиот тим на Работнички да биде во тимот на колото, но ајде да не претеруваме, па така покрај Кико тука се и Лука Станковски, Никола Прелчец и одличниот дефанзивец Драшко Ѓорѓевиќ. Пелистер е во победничка серија, а вчера против Борец одново меѓу најдобрите беа Пејаковиќ и Илиески. Македонија ЃШ победи со голот на Коџо, а Вардар одигра квалитетно против Струга ТЛ и не загуби поради Петковски и Најденов. Вулиќ беше одличен на голот на Беласица против Академија Пандев, како и Мишковски во дресот на Ренова против Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

КРИСТИЈАН СТОЈКОСКИ

Тим: Работнички

Роден: 17.09.1991 во Скопје

Кариера: Македонија ЃП, Тетекс, Шкупи, А. Пандев, Работнички