Екипата на Челзи запиша нова победа во Премиер лигата. Во 27. коло на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Евертон со 2:0. Во 31 минута по Годфри си постигна автогол после еден центаршут на домашните и ударот на Каи Хаверц, а во второто полувреме, поточно во 65 минута Жоржињо од пенал ги постави конечните 2:0. На пеналот му претходеше прекршок на голманот Пикфорд во сопствениот шеснаесетник брз Хаверц што за судијата Дејвид Коти беше пенал.

Претходно Хаверц реализираше погодок кој беше поништен поради игра со рака на германскиот репрезентативец.

Челзи е на четвртата позиција со 50 бодови, а Евертон е на петтото место со четири помалку.