НБА Ол-стар натпреварот не разочара. Тимот на Леброн одново успеа да дојде до победа, го совлада тимот на Дурент со 170-150 на крилата на неверојатниот Јанис Адетокумбо.

И во време на пандемија на коронавирус, НБА не се откажа од својата ноќ за најголемите. Ол-стар викендот и покрај се одржа, а ѕвездите на паркетот покажаа дека вреди – забавата беше одлична.

МВП титулата ја понесе грчкиот ѕвер кој постигна 35 поени со 16/16 од игра, беше нерешлива енигма за противникот. На крајот сосема заслужено го подигна признанието за најкорисен кошаркар. Адетокумбо влезе во историјата на Ол-стар мечевите како прв играч кој до МВП титулата дошол без ниту едно промашување. 

Лилард постигна 32 поени, додека Стеф Кари запиша 28 во победничкиот тим. Јокиќ имаше скромни 6 поени, Лука Дончиќ постигна осум, додека капитенот на нивниот тим, Леброн имаше 4 поени.

Во тимот на Дурент се истакна Бредли Бил со 26 поени, Кајри Ирвинг со 24 поени, Џејмс Харден имаше 21 поен.