Данската ракометна репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за квалификацискиот двомеч против Македонија за место на ЕП 2022 година.

Селекторот, Николај Јакобсен во изминатите два дена направи две промени. Откако пикерот Магнус Саугструп имаше позитивен тест на Ковид-19, го повика  Рене Антонсен. Но, тој се здоби со повреда на дуелот меѓу Алборг и Архус. Јакобсен испрати дополнителен повик до Александар Лингард.

Првиот дуел меѓу Македонија и Данска се игра на 11. март во СЦ „Борис Трајковски“, реваншот е три дена подоцна во Алборг.