Футсал селекцијата на Македонија вечерва во Арената “Јане Сандански“ во Скопје, во еден од најважните мечеви во својата историја, убедливо беше поразена од Србија со 1:6 (1:4). Ова беше меч од 4.коло во групата 4, со што се чини дека е ставено крај на сите наши надежи дека ќе можеме да се пласираме на ЕУРО 2022. Добро почнавме, имавме и водство, но кога беше најпотребно на сцена стапија судиите од Турција, Чолак и Чакмак кога беше најпотребно се “прославија“ во најмала рака со чудни одлуки, и сите во корист на Србија. Силниот тим на гостите тоа го искористи и не само што брзо направи пресврт, туку на крајот ја победи нашата селекција и тоа убедливо. Едноставно Србите ја покажа сета своја сила и сиот свој квалитет, па бадијала не се една од најдобрите селекции во светот.

Македонија поведе со голот на Исмаили во 9.15 минута за 1:0. Сепак само 15-16 секунди подоцна турските судии видоа пенал за Србија, па така Пршиќ израмни на 1:1. Жестоки беа протестите на нашите, но бадијала, Турците потоа уште во неколку наврати се чини судеа на наша штета. Кога во 12.34 минута Петровиќ си даде автогол, се чини дека тоа беше крај на сите наши надежи за добар резултат на овој меч. Во тие моменти се распадна нашата игра. Бадијала беше тајм – аутот на селекторот Васко Скендеровски, нашите футсалџии се уште беа гневни на судиските одлуки. До крајот на првиот дел Србија преку Петров и Лазаревиќ постигна уште два гола за 4:1. Во финишот гостите преку Лазаревиќ не искористија пенал од 10 метри по шестиот наш прекршок.

Во продолжение од средбата Македонија се обиде со игра без голман, со играч повеќе да стори нешто повеќе, но без некој посебен успех,. Гостите добро се бранеа и ние не успевавме да дојдеме од некој посебна шанса за гол. Евидентно е дека паднавме на псиголошки план по се оона што се случуваше во првото полувреме. А кога се игра така тога постои можност пртотивникот да ја затресе твојата празна мрежа. Така беше и сега, кога во 29.31 минута Томиќ погоди за 5:1. Ракиќ на ист начин постигна уште еден гол за 6:1 во таа 35.24 минута.

До крајот на квалификациите Македонија ја чекаат мечеви со БиХ на 8 април во Скопје и со Романија на гости на 14 април. Србија пак ќе игра со Романија дома и со БиХ на гости, па така тешко дека ќе испушти барем на еден меч да не победи. Тука и Романија е во игра, но само под услов утре на гости кај БиХ да не загуби.

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 1:6 (1:4)

Арена “Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи:/. Судии: Мурат Чолак и Угур Чакмак (Турција). Стрелци: Исмаили 9.15 (МАК), Пршиќ (п) 9.31, Петровиќ (авт) 12.34, Петров 14.10, Лазаревиќ 15.01, Томиќ 29.31, Ракиќ 35.24 (СРБ).

МАКЕДОНИЈА: Петровски, Леовски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ. Играа уште: Исмаили, Сефери, Крстевски, Арсовски, Агуши, Сулејмани.

СРБИЈА: Момчиловиќ, Ракиќ, Томиќ, Пршиќ, Петров. Играа уште: Стојковиќ, Симиќ, Лазаревиќ, Рамиќ, Алексиќ, Милосављевиќ.

ТАБЕЛА:

1.БИХ 9

2.СРБИЈА 5

3.РОМАНИЈА 2

4.МАКЕДОНИЈА 2