Македонија не беше надиграна, а поразена е од Романија на стартот од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 година.

Не ги искористи нашата селекција шансите на стартот, за Романците да казнат и да дојдат до брзи 2:0 во 50. минута.

Како одминуваше времето, надеж речиси и да немаше, а потоа се појави со голот на Адеми. Додека да се свестат Романците веќе беше 2:2. Но потоа додека ние се свестиме што сме направиле, веднаш 3:2.

Играта на „нерви“ на крајот ја добија Романците. Освен да им честитаме не ни останува ништо друго, но и да жалиме што не успеавме да останеме барем непоразени.