Луис Хамилтон успешно стартуваше во новата сезона во Формула 1. Тој доцна попладнево на ГН на Бахреин, на првата трка сезонава успеа да победи, но се чини дека со малку поголема контроверзност. Од таборот на Ред Бул, посебно Макс Верстапен се уверени дека победата на Холанѓанецот му е одземена, украдена. Имено на три круга до крајот Верстапен го помина Хамилтон, но од од тој дел на кривината четири, каде што не е патеката. Токму затоа стјуардите на трката му наредија на Верстапен да го пропушти Хамилтон, а тоа наиде на голема нервоза во Ред Бул.

Тие сметаат дека токму Хамилтон во неколку наврати ја користел истата “финта“, но за него немало казна. Бурни реакции има и во јавноста, се шпекулира дека раководството на Формула 1 има симпатии према Хамилтон, дека тој минувал само со опомени а немало казни.