Се е познато во групите А и Б од Европското првенство за играчи до 21 година. Патници во наредната фаза се Холандија и Германија кои ги заземаа првите две места во групата А. Холандија денеска славеше со 6:1 над Унгарија и со пет бода го фати првото место. Германија и Романија одиграа без голови, а и двете репрезентации собраа по пет бодови со тоа што Германците имаат подобра гол-разлика и го фатија второто место.

Во нокаут рундата одат и Шпанија и Италија од групата Б. Вечерва Италијанците со 4:0 ја победија Словенија и го освоија второто место во групата. Шпанија со 2:0 ја победи Чешка и со седум бода е победник на групата.

Утре се играат натпреварите во другите групи со што ќе бидат комплетирани патниците во наредната рунда.