Во групата Ј Ерменија ја совлада Романија со 3:2 во Ереван. Иако губеа Романците го свртеа резултатот во своја корист во период од 10 минути. Ерменците поведоа со голот на Спертсјан во 56 минута, меѓутоа Романија изедначи во 62. минута преку Алехандру Чикалдау, а 10 минути подоцна истиот играч зголеми на 1:2. Во последните минути Пушкаш кај Романците доби директен црвен картон, а тоа го искористија домашните кои нападнаа со сета сила и изедначија преку Харојан на асистенција на екс-вардарецот Барсегјан.

Само две минути подоцна шок за гостите. Пенал за Ерменија! Барсегјан погоди за победа!

Каква луда завршница и голема победа на Ерменија која скокна на првата позиција на табелата (9 бода) во групата Ј.