Освен мечот меѓу Германија и Македонија, вечерва се играат уште многу квалификациски средби за пласман на СП 2022. Во Сараево играат БиХ и Франција. По петти пат во историјата овие две репрезентации ќе се соочат меѓу себе. Во претходните две кола од овие квалификации Французите освоија четири бода (една победа и едно реми), а БиХ одигра реми со Финска (2:2).

Вечерва ќе им треба многу вештина и силен пресинг за да ги добијат Французите. Во претходните четири меча, два пријателски и два од квалификациите, БиХ нема победа (две победи на Франција).

На „Вембли“ ќе се сретнат Англија и Полска. Гостите се хендикепирани со неиграњето на Роберт Левандовски, најдобриот нивни голгетер што значи дека англискиот национален тим има голема шанса да ги освои трите бода. А и квотите тоа го кажуваат, Англија е апсолутен фаворит на овој натпревар.

„Гордиот албион“ запиша две победи во првите две кола, а Полска собра четири бода по две кола.

Во Севиља играат Шпанија и Косово, другите средби се:

Андора -Унгарија, Австрија-Данска, Грција-Грузија, Литванија – Италија, Молдавија-Израел, Сан Марино-Албанија, Северна Ирска-Бугарија, Шкотска-Фарски Острови, Украина-Казахстан.