Заврши групната фаза од ЕП за фудбалери до 21 година што се одржува во Унгарија и Словенија. Вчера место во осминафиналето изборија Холандија, Германија, Шпанија и Италија, а денеска им се приклучија Данска, Франција, Португалија и Хрватска.

Англија во директен дуел за второто место ја победија Хрватска со 2:1 но тоа не беше доволно. „Коцкастите“ со гол во 92 минута на Брадариќ  го освоија второто место само поради подобрата гол-разлика. Хрватска, Англија и Швајцарија завршија со по три бода, а „Коцкестите“ се второпласирани.  Данска славеше над Русија со 2:0. Исланд загуби од Франција со 0:2, Португалија славеше убедливо со Швајцарија 3:0.

Познати се и четвртфиналните двојки. Холандија ќе игра со Франција, Германија со Данска, Португалија ќе се сретне со Италија, додека Шпанија ќе се соочи со Хрватска.

Четвртфиналните мечеви ќе се играат на 31 мај и тоа два меча во Унгарија и два меча во Словенија.