Поранешниот пилот во Формула 1, Нелсон Пике, вели дека Верстапен е подобар возач од Хамилтон во моментов. Според Пике, тешко му е да споредат двајцата пилоти кога се во различни тимови, но…

„Како прво, треба да земете предвид дека во Формула 1 тимовите имаат различни болиди со различни можности. Затоа, невозможно е директно да се спореди нивото на двајца пилоти од различни тимови. Но, сигурен сум дека ако Верстапен возеше за Мерцедес, тој ќе го срушеше Хамилтон. Макс е поагресивен. Да, тој често прави грешки поради, но, според мене, тој е подобар од Хамилтон. Луис во Мерцедес ги има сите услови и премногу е лесно за да победи. Не велам дека Хамилтон е лош. Но, неговиот партнер е јасно инфериорен во однос на него, а неговиот претходен партнер, Нико Розберг, беше уште послаб“, вели Пике.