Со голот на Антоан Гризман во 60 минута светскиот првак Франција успеа да победи со 1:0 на гостувањето кај Босна и Херцеговина во рамките на квалификациите за СП во Катар. Тоа е втора победа за Французите во овие квалификации, а БиХ остана со 1 бод по 2 кола.

Англија со 2:1 ја совлада Полска. За „Гордиот Албион“ погоди Хари Кејн од пенал за водство, Модер изедначи на 1:1 во 58. минута, а потоа Хари Мегваер стрелаше во 85. минута за 2:1. Англија има максимални 9 бода по 3 меча.

Во другите мечеви:
Андора – Унгарија 1:4, Австрија – Данска 0:4, Грција – Грузија 1:1, Лихтенштајн – Исланд 1:3, Литванија – Италија 0:1, Молдавија – Израел 1:4, Сан Марино – Албанија 0:2, Германија – Македонија 1:2, Северна Ирска – Бугарија 0:0, Шкотска – Фарски Острови 4:0, Шпанија – Косово 3:1, Украина – Казахстан 1:1