Шпанскиот селектор Луис Енрике го пропушти почетокот на мечот со Косово кој се играше вчера во рамките на квалификациите за СП 2022. Причината за доцнењето на екс-тренерот на Барселона е што се заглавил во хотелскиот лифт.

Енрике и помошниците се качиле во лифтот за да се симнат во фоајето на хотелот и да се упатат кон стадионот. Но лифтот застанал па тие морале да останат внатре околу еден час, додека не бил отстранет дефектот.

Енрике потоа се упатил со автомобил до стадионот во Севиља и стигнал кога веќе фудбалерите почнале да играат. Шпанците го добија мечот со 3:1 со головите на Олмо, Феран Торес и Морено.