Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос се најде на третото место во историјата по одиграни натпревари за националниот тим. 35-годишниот шпански фудбалер се изедначи со Ахмед Мубарак од Оман. Двајцата имаат по 180 натпревари на национално ниво.

Тоа стана факт на дуелот на Шпанија со Косово во квалификациите за СП, Рамос влезе во игра во 86. минута на местото на Ерик Гарсија. Серхио Рамос е само на еден меч од второто место на вечната листа на светскиот фудбал. На втората позиција е Бадер ал Мутава кој има 181 меч за Кувајт.

Лидер на оваа листа е легендарниот египетски фудбалер Ахмед Хасан кој одиграл 184 двобои за „фараоните“.

Хасан ја заврши кариерата во 2013 година, а Рамос, Мубарак и Ал Мутава уште се активни фудбалери.