УЕФА е близу да дозволи учесниците на ЕП во фудбал ова лето да додадат уште двајца играчи на списокот на патници на првенството, поради непредвидливата ситуација со пандемијата, пренесува „Тајмс“.

Ова прашање беше покренато на состанокот на извршниот комитет на УЕФА, а од Европската конфедерација се согласиле да го разгледаат предлогот и најверојатно ќе го одобрат. Станува збор за зголемување од бројот на фудбалери кои селекторите на земјите учеснички на ЕП меѓу кои и Македонија, ќе можат да го поведат на ЕП од 23 на 25 играчи.