Борбениот Аријан Адеми против Германија покажа зошто и е потребен на македонската репрезентација. „Лавот“ иако беше повреден стисна заби, издржа, одигра одлично, асистираше за победничкиот гол на Елмас.

Заслужено победивме, навистина одиграме фантастичен натпревар. Дојдовме во Германија со идеја да направиме нешто, да пробаме да изненадиме, знаевме дека ќе имаме по некоја шанса. На крајот, имавме повеќе шанси одошто се надевавме, дадовме два гола, а и судијата не ни досуди пенал. Секако, Германија е поквалитетна и во еден момент добро не притисна, не стави во шеснаесетникот, меѓутоа ние останавме мирни и сконцентрирани, издржавме се“, изјави Адеми за „Спортске новости“.

Штета што не поминавме подобро во Романија, да земевме барем бод ќе бевме во многу подобра ситуација. Но добро е и вака, нашата цел беше второто место во групата, да избориме дополнителни квалификации. Амбициите постојано растат, сега гледаме колку вредиме. За време на мечот добив силен удар од Ридигер. Тој проба ножички, јас ја испружив ногата и ме удри. По мечот видов дека имам околу 14 посекотини на ногата. Но тоа не е некоја повреда поради која треба да паузирам. Ќе биде се во ред, спремен сум за нови предизвици“, додаде играчот на Динамо.

Исто така Адеми не е премногу еуфоричен.

Во досегашниот дел од кариерата научив дека еуфоријата не носи ништо. Краткорочно одушевување, меѓутоа, еден пораз, еден лош натпревар може да не спушти за неколку скалила. Затоа не ја славев премногу победата над Германија“, вели „Лавот“.