Кога ќе одиш на Еворпско првенство, па и кога ќе собираш албум за сликички, чудно е што можеш да си се паднеш сам на себе. Тоа му се случи на Стефан Ристовски кој на социјалните мрежи се „пофали“ со своја сликичка од албумот за сликички „Панини“ кој од денеска се продава и во нашата земја.

Со наслов „од тука почна се“, и со сликичка самиот од себе, Ристовски објави фотографија на „Инстаграм“.