Нејтан Багали, австралиски кајакар освојувач на два сребрени медали на Олимписките игри 2004 година и неговиот брат се уапсени во Австралија откако се обиделе да прошверцуваат кокаин вреден 200 милиони австралиски долари.

По осум часовна расправа судот во Бризбејн ги прогласи двајцата за виновни во шверц на 650 килограми кокаин во 2018 година во Австралија.

Нејтан е трикратен светски шампион во кајак. Тој неколку пати во кариерата се најде во проблеми, меѓу другото беше позитивен на стероиди во 2005 година, потоа со брат му обвинет за производство и пуштање во промет на 13,500 таблетки на екстази.

Браќата Багали се соочуваат со доживотна затворска казна со оглед на тоа дека неколку пати го прекршуваат законот.