Попладнево од 15 часот закажани се сите пет натпревари од 21.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Лидерот на табелата, тимот на Брегалница на свој терен, под Исарот, ја дочекува Победа. Се знае каде е квалитетот, па така се очекуваат нови бодови на контото на штипските “сини“. Прилепчани не смеат да се потценат но се освен победа на Брегалница ќе биде големо изненадување.

Кит Го, кој сака да го задржи тоа трето место на табелата, дома игра со “фенерџијата“ Росоман, и тука домашните се големи фаворити за трите бода. Во Кавадарци на гости доаѓа Плачковица. Нема да му биде баш толку лесно на кавадаречкиот тим. На другите два меча се среќаваат Каменица Саса – Слога (Виница) и Кожуф – Осогово.

 

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА 21.КОЛО

КАМЕНИЦА САСА – СЛОГА (В)

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА

КИТ ГО – РОСОМАН

КОЖУФ – ОСОГОВО

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 52

2.ТИКВЕШ 45

3.КИТ ГО 32

4.КОЖУФ 32

5.ОСОГОВО 26

6.КАМЕНИЦА САСА 25

7.СЛОГА (В) 22

8.ПОБЕДА 16

9.ПЛАЧКОВИЦА 11

10.РОСОМАН 8