Во словачкиот шампионат нов погодок на македонскиот интернационалец Милан Ристовски. Сега погоди од пенал за победа од 1:0 за Трнава на гостувањето кај Тренчин во плеј-офот за титулата во Словачка. Трнава е на четвртото место со исто бодови колку и Жилина со која се бори за излез во Европа.

Инаку лидер и речиси нов шампион е Слован Братислава кој има убедлива предност на чело на табелата.