Поранешниот привремен шампион во лесна категорија на УФЦ, Дастин Порие стави потпис за организација на трета борба со поранешниот шампион во две тежински категории, Конор МекГрегор. Борбата ќе се одржи на 10 јули на УФЦ 264.

Се уште нема информации дали МекГрегор го потпишал договорот, но како и да е, бројни извори повеќе пати потенцираа дека третата борба меѓу Порие и Конор ќе се одржи на 10 јули, што сега де факто го потврдува Американецот.

Првиот дуел на овие двајца се случи уште во 2014 година. Тогаш Ирецот го нокаутираше својот противник во првата рунда. Втората борба Мек Грегор – Порие се одржа во јануари 2021 година, кога Поаре победи со нокаут во втората рунда.