Доколку трката за ГН на Канада и втора година по ред не се одржи, таа најверојатно ќе биде заменета со Големата награда на Турција на Истанбул Парк. Патеката на периферијата на Истанбул се врати во Формула 1 минатата сезона по девет години пауза, и токму таму Луис Хамилтон ја запечати својата седма светска титула.

Според швајцарски „Блик“ разговорите меѓу Формула 1 и Истанбул Парк веќе започнаа, но одлуката на властите во Канада сè уште се чека. Заменувањето на канадската трка со една во Европа на истиот датум е сосема логично, бидејќи само една недела порано карванот ќе биде во Баку за Големата награда на Азербејџан.