Француската министерка за спорт Роксана Маракинеану за Ројтерс изјави дека е можно престижниот тениски турнир Ролан Гарос да не се одржи  и втора година по ред во традиционалниот термин поради коронавирусот.

“Ние разговараме со Француската тениска федерација за да видиме дали треба да го смениме датумот на Ролан Гарос. Иако овој спорт на високо ниво е зачуван во Франција засега, ние се обидуваме да ги ограничиме ризиците од ширење на вирусот во професионалните спортови и ситуацијата не е добра“, изјави Марасинеану.

Франција влезе во својата трета национална блокада во саботата за да го спречи ширењето на коронавирусот, иако професионалните спортови во голема мерка беа поштедени. Исклучок е еднодневната велосипедска трка Париз-Рубе, која е одложена.

Ролан Гарос треба да започне на 23 мај оваа година, а минатата година се одржа во октомври.