Попладнево Работнички требаше лесно да дојде до трите бода, беше голем фаворит против Борец. Но не само што тешко славеше со 2:1, туку беше и многуууу среќен. Имено Борец, а посебно Ѓорѓиев имаше дури четири големи шанси за гол, велешани во 82.минута имаа и 1:0, но тогаш Фахрудин Ѓурѓевиќ со два ефектни гола му ја донесе победата на својот Работнички.

Квалитетен меч, Работнички ја погоди и стативата преку Драшко Ѓоршѓевиќ, со многу шанси. Инаку ова беше прва пролетна победа на Работнички на свој терен.

А малку недостигаше Борец со песна да се врати во Велес.