Јапонската пливачка Рикако Ики, која закрепнува се уште од битката со леукемијата, потврди дека напорно се подготвува да се врати во базенот за време на ЛОИ во Токио. Ики саката да биде дел од јапонската штафета 4 х 100 метри мешано, откако победи на 100 метри пеперутка за женска конкуренција на националното првенство на Јапонија одржано викендов.

Ики со солзи во очите финишираше на трката со време 57,77 секунди во Акватик Центарот во Токио, каде ќе се одржуваат и олимписките натпревари во пливање на ЛОИ, и избори норма за настап на Олимпијадата.

„Не мислев дека ќе го исполнам времето, па затоа сум многу среќна“, изјавила по трката.