Иван Тричковски продолжува да ги полни мрежите во кипарскиот шампионат. Македонскиот фудбалер со 13. погодок му донесе триумф на својот тим, АЕК Ларнака на дербито со Анортозис од 2-1.

Гостите поведоа со 0-1, но АЕК Ларна израмни на 1-1 во 60. минута. Тричко во 75. минута ги постави конечните 2-1 на оваа средба, го совлада голманот на Грузија, Лориа, кој дефинитивно нема дерман од македонските фудбалери.

За АЕК Ларнака ова беше 14 победа, со скор од пет ремија и 12 порази се наоѓа на петото место на табелата.